Регион 11. ноември 2018. / 19:54

Илјадници Бугари на протест поради цените на горивата и даноци

Илјадници Бугари на протест поради цените на горивата и даноци

Во знак на протест поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постари автомобили и очекуваното поскапување на премиите за осигурување на автомобилите, илјадници Бугари денеска блокираа важни сообраќајници и патишта во земјата.

Повеќе од 2.000 луѓе со национални знамиња маршираа низ центарот на Софија и извикуваа „мафија“ и „ѓубриња“, незадоволни од зголемувањето на животните трошоци во најсиромашнат земја членка на ЕУ, јавуваат агенциите.

Протести се одржани во повеќе од 20 бугарски градови, при што десетици возачи со часови блокираа патишта, вклучувајќи го и патот кон Грција.

Некои бараа и оставка од коалициската Влада на десниот центар на премиерот Бојко Борисов.