Регион 04. ноември 2018. / 21:59

Хрватската полиција пронашла над 150 килограми марихуана во морето кај островот Корчула

Хрватската полиција пронашла над 150 килограми марихуана во морето кај островот Корчула

Околу 156 килограми мaрихуана биле пронајдени во петокот и саботата во областа на Оребиќ, Блато на Корчула и Млет, потврди хрватската полиција.

Дрогата била пронајдена по алармирање на граѓаните, а полицијата претпоставува дека е товар од поморската рута за криумчарење од Албанија или Црна Гора до Италија, која стигнала до хрватското крајбрежје.

-Марихуаната потекнува од Албанија и се претпоставува дека е превезувана со моторни чамци. Шверцерите на дрога, всушност, ги користат големи бранови и пловат за време на големо невреме за да ги избегнат радарите. Неретко дел од товарот паѓа или шверцерите го фрлаат во морето- објаснуваат од полицијата во Дубровник.