Регион 05. септември 2018. / 16:18

Хрватска: Ниедна поплака за полициско насилство врз мигрантите не е основана

Хрватска: Ниедна поплака за полициско насилство врз мигрантите не е основана
Министерството за внатрешни работи на Хрватска тврди дека досега ниту една поплака за насилство врз мигрантите добиена од УНХЦР не се покажала како основана.

„Министерството за внатрешни работи како партнер на УНХЦР добива голем број приговори од мигранти без потврден идентитет, без точна локација и време на настанот. На сите примени приговори МВР одговори, меѓутоа, повеќето поплаки не може да се проверат поради недостаток на конкретните податоци така што жалбите досега не се покажаа како основани”, објави МУП.