Регион 27. јули 2020. / 10:44

Хаварија на гасоводот меѓу Бугарија и Грција

Хаварија на гасоводот меѓу Бугарија и Грција

На гасоводот меѓу Бугарија и Грција во реонот на месноста Кулата дошло до хаварија, пренесуваат бугарските медиуми.

Информацијата е официјално потврдена и од бугарското Министерство за енергетика. Моментно е прекинат преносот на гас кон Грција.

Нема податоци за настрадани или за истекување на гас и веќе се работи на отстранување на дефектот. Според bTV,  засегнати са около 300 метри од трасата. Реонот е блокиран од страна на полицијата.

Гасоводот има вграден систем за блокирање, кој го стопира протокот на гас низ цевководот при проблеми со истекување на гас или хаварија.