Регион 29. ноември 2018. / 10:18

Харадинај: Вучиќ нуди независност во замена за дел од Косово

Харадинај: Вучиќ нуди независност во замена за дел од Косово

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај во авторски текст за Вашингтон пост, изнесе тврдење дека Вучиќ, со поддршка од Русија, нуди признавање на независност, но во замена за дел од територијата на Косово.

Србија, како што тврди косовскиот премиер, сака да создаде етнички чиста држава, да им го одземе државјанството на луѓето и да ги протера од нивните домови.

– Пред постојани напади од Србија, чија цел е загрозување на нашиот суверенитет, безбедност и просперитет, има некои кои сакаат Косово да го вовлечат во така нарачено мирно етничко чистење на Балканот. Тоа е кратковиден обид да се попушти пред насилникот со надеж дека насилствата ќе престанат. Ние тоа нема да го направиме – наместо тоа ќе им се спротивставиме на оние кои се обидуваат да не искористат, а истовремно ќе работиме во правец кон долготраен и сеофатен мир. – тврди Харадинај.

Тој исто така напиша дека Србија и нејзиниот сојузник Русија одбиле го признат суверенитетот на Косово и дека се бореле за блокада за прием на оваа држава во ОН.