Тројца Албанци ја кренаа грчката полиција на нозе, откако избегале од притворската единица на полициска станица во округот Аргируполис, во Атина, пренесуваат грчките медиуми.
Тие биле уапсени бидејќи извршиле голем број кражби на територијата на Грција, а од притвор избегале преку прозорот на келијата, по што ги искршиле решетките, па скокнале од 10 метри висина.
Грчките медиуми пишуваат дека полицијата преземале опсежна акција, но дека избеганите не се пронајдени.