Грција мора да плати казна во висина од 10 милиони евра поради тоа што не побара враќање на непрописно исплатената државна помош на бродоградилиштето „Хеленик шипјардс“ за време на економската криза, објави Европскиот суд на правдата (ЕСП).
Од 2008 година, Европската комисија бара од Грција да обезбеди враќање на повеќе од 280 милиони евра непрописна државна помош исплатена за „Хеленик шипјардс“, кое долго време е во финансиски тешкотии.
Во меѓувреме, вкупниот износ на помош што бродоградилиштето треба да го плати надмина 600 милиони евра, велат судиите.