Сосем веројатно, Грција ќе биде првата земја што ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија на НАТО и тоа на 8 февруари, изјавија извори од алијансата за „Еуроактив“. Според овие извори, официјалниот текст на протоколот бил одобрен во понеделникот и амбасадорите на 29-те членки на НАТО чекаат на авторизација од нивните држави да го потпишат. Според портпарол на НАТО, потпишувањето на протоколот ќе биде „во наредните денови“.
Кога протоколот ќе биде потпишан тој се испраќа во националните парламенти на државите на ратификација. Според овие извори, ратификацијата може толку да се забрза, што Македонија може да стане членка на НАТО веќе на самитот на алијансата во јули. Но, поранешните искуства зборуваат дека ратификацијата обично се одолговлекува и до една година.