Регион

Грција и заби нож во грб на Србија

Грција и заби нож во грб на Србија

Косовското Министерство за надворешни работи објави дека Грција ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО и Интерпол, по денешната неколкучасовна посета на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на Приштина.

Иако беше најавено Коѕијас и неговиот косовски колега Беџет Пацоли, не одржаа прес конференција за медиумите.

„Нема да има прес конференција. Приштина е прекрасно место, сега ќе разговарам со мојот колега Пацоли бидејќи имаме многу да разговараме а немаме многу време”, изјави грчкиот министер за надворешни работи како што пренесува „Коха диторе“.

Грција е една од петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово.

Коѕијас го покани министерот Пацоли да ја посети Атина, а беше примен и од претседателот Хашим Тачи.