Регион 11. август 2018. / 11:08

Грција го отповика својот амбасадор во Русија

Грција го отповика својот амбасадор во Русија

Денес Грција го отповика својот амбасадор во Русија, Андреас Фриганис, откриваат регионалните медиуми.

„Одлуката е направена. Направена е лично од Грчкиот министер за надорешни работи Никос Коѕијас“, откриваат медиумите.

Според истите, во наредните денови, Фриганис ќе се врати во Атина и друг амбасадор ќе биде испратен во Москва, но се уште не е јасно до крај какви ќе бидат следните чекори.