Грчкиот премиер во заминување Алексис Ципрас му се јави на лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис и му ја честита победата на парламентарните избори, кој се одржаа денеска.
Ова го потврдија за Ројтерс, од победничката партија Нова Демократија.
Во понедленик ќе се предаде официјално фунцијата, откако Мицотакис ќе даде заклетва како нов Премиер.
Според резултатите, Нова Демокртија освои 39.67 отсто од гласовите, односно 158 пратенички места. После неа е СИРИЗА со 31.54 проценти, или со освоени 86 места во грчкиот Парламент.