Регион 23. јануари 2019. / 09:52

„Грчкото знаме на пола копје“: Големи протести против Договорот од Преспа

„Грчкото знаме на пола копје“: Големи протести против Договорот од Преспа

Во пресрет на гласањето за ратифкација на Договорот од Преспа, организацијата „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ ги повикува Грците утре попладне, да излезат на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во среда на 23 и четврток на 24 јануари, никој од нас да не оди на работа. Продавниците, бизнисите, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појават во нивните служби, грчкото знаме на пола копје да се постави на секој дом, камбаните на црквите да бијат во знак на жалост. Секој Грк и секоја Гркинка, им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка, пред околу 100 години. – соопштуваат организаторите.