Регион 08. ноември 2019. / 17:21

Грчко МНР: Инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата е несоодветно за модерна држава

Грчко МНР: Инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата е несоодветно за модерна држава

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас изјави дека инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата не е соодветно за една модерна држава.

– Инсистирањето на Турција да ја извитоперува историјата не е соодветно за една модерна држава. Ја повикуваме да размисли за историските одговорности, особено во однос на нејзиното однесување кон грчкото малцинство. Нека го следи примерот на Грција и конечно нека работи на консолидација на добрососедските односи во нашиот регион и секако на нејзината европска перспективаГениматас.

Изјавата на Гениматас доаѓа како одговор на коментарот на портпаролот на турското МНР, кој според грчката новинска агенција АНА-МПА, се однесувал на муслиманското малцинство во областа Тракија, одговарајќи на изјавата на грчкиот претседател Павлопулос од Ерменија.