Регион 19. март 2019. / 18:10

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети Македонија 2 април,

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети Македонија 2 април,

Долгонајавуваната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија ќе се случи на 2 април, вторник, пишуваат грчките медиумите.

Тоа ќе биде прва официјална посета на грчки премиер на земјава.Ципрас ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција.