Регион 07. јули 2020. / 15:52

Градоначалници од Грција бараат отворање на сите гранични премини со Бугарија

Градоначалници од Грција бараат отворање на сите гранични премини со Бугарија

Итно отворање на граничниот премин Нимфеа, а постепено и останатите премини со Бугарија; забрана за излез на грчки државјани преку преминот Кипи со Турција; продолжување на забраната за работа на преминот Кастањес со Турција; поставување здравствени единици од грчката национална здравствена организација или од војската на сите премини, се дел од барањата на 22 градоначалници од периферијата источна Македонија и Тракија во издадената резолуција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

На вчерашната нивна средба преку видеоконференција главната тема била забраната за влез на туристи во Грција преку останатите гранични премини што се во нивната периферија, односно на границата со Бугарија и Турција.

Во резолуцијата коментираат дека од моментот кога „е забранет влез за туристи, дозволено е грчките граѓани да одат и да се враќаат од Бугарија и Турција, наспроти секаква здравствена логика и на штета на грчките погранични бизниси“.