Регион 11. мај 2018. / 10:26

Голема трагедија во Србија – дете испадна од возилото и загина

Голема трагедија во Србија – дете испадна од возилото и загина

Петнаесетгодишниот Елдин Х. од Белград кој спиел на задното седиште на возилото „сеат кордоба“ и возач на комбе, 48-годишниот Славољуб Т. загинале на лице место во стравична сообраќајна несреќа.

Повредени биле роднините на момчето Елвис Х. и мајката Неима Х.

Како што информираат српските медиуми, детето било на задното седиште на возилото и настрадало, бидејќи не било врзано, додека неговиот роднина и мајката кои имале појас, се здобиле со тешки повреди.