Регион 21. јуни 2018. / 14:57

Голема полициска акција – уапсени 20 лица, падна организирана криминална група

Голема полициска акција – уапсени 20 лица, падна организирана криминална група

Во заедничка акција на српската и италијанската полиција, уапсени се 20 членови на криминална група која се сомничи за криумчарење и дистрибуирање кокаин во земјите во ЕУ веќе подолго време.

Акцијата е спроведена во координација со Обвинителството за организиран криминал и државното обивинителство на Италија.

На снимката од апсењето се гледа како полицијата упаѓа во стан во Белград и апси неколку лица. Во станот се пронајдени 58.250 евра.

Во акцијата која е реализирана по повеќемесечна истрага, уапсени се вкупно 20 лица од кои 16 на територија на Италија, додека организаторите и членовите на оваа криминална група се уапсени на територија на Србија.