Хрватската Сеизмолошка служба соопшти дека денеска во 6:28 часот е регистриран земјотрес со епицентар пет километри југозападно од Петриња, со интензитет од пет степени според Рихтерова скала.
Нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала утрово во 7:50 часот повторно го погоди централниот дел на Хрватска.
-Штотуку се слушнав со службата 112, засега биле на две интервенции во градот. Главно луѓето пријавуваат дека им паѓа малтер, пожарникарите се на лице место, рекла Кристина Икиќ Баничек, градоначалничка на Сисак, опишувајќи ја ситуацијата после земјотресот кој ја потресе утрово Хрватска.
Strossmayerova i Zitna
Posted by sisakportal.hr on Sunday, December 27, 2020
Во многу продавници испаднале и производите од рафтовите.
Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, рекол дека штети во градот сепак има.
-Не погоди силен земјотрес, никогаш ова не сум го доживеал. Не знам дали има жртви, материјални штети има, рекол тој.
Posted by sisakportal.hr on Sunday, December 27, 2020