Регион 11. мај 2020. / 22:45

(ФОТО) Напнато пред српското Собрание: Полицијата спречи посериозен инцидент меѓу СНС и Двери

(ФОТО) Напнато пред српското Собрание: Полицијата спречи посериозен инцидент меѓу СНС и Двери

На платото пред срспкото собрание, вечерва се собраа околу 400 подржувачи на владеачата Срспка напредна странка и помала група на подржувачи на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Поддржувачите на СНС извикуваа „Бошко фашист“ и носea српски знамиња, како и транспарент со заедничка фотографија на претседателите на Србија и Кина, Александар Вучиќ и Си Џинпинг, со натпис „Србите и Kинезите – браќа засекогаш“.

Меѓу двете групи граѓани распоредени беа припадници на полицијата и жандармеријата, кои некако успеаја да спречат да дојде до посериозни инциденти меѓу двете групи.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, вчера почна штрајк со глад пред српскиот парламент, барајќи одложување на изборите и преговорите меѓу власта и опозицијата, по што двајца пратеници на СНС стапија со штрајк со глад барајќи од обвинителството да преземат мерки според Кривичниот законик против групата предводена од Обрадовиќ која во петокот предизвика инцидентот пред парламентот.