Регион 22. март 2020. / 16:14

Еве како се тресеше тлото на Загреб (ВИДЕО)

Еве како се тресеше тлото на Загреб (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6 часот и 23 минути. Потоа следел уште еден помал земјотрес со интензитет од пет степени, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Загреб на длабочина од десет километри.

Последователниот земјотрес се случил во 7:01 часот и неговата јачина според првичните податоци била пет степени, пренесува „Хина“.

Во некои делови на Загреб, за кратко снемало струја.

На некои згради, фасадите се испукани, покривите урнати, а по становите паѓале полици