Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема аспирации кон туѓи права, територии, мориња или природни ресурси, но дека нема да дозволи некој да има претензии кон неговата земја.
Ние ги браниме правата и интересите на нашиот народ и држава, како и пријателите во и надвор од нашите граници, на копно, вода, во воздухот и насекаде. Без двоумење отидовме и покажавме решителност и сила каде и да се појави закана за нашата земја, од Ирак и Сирија до Либија и Егејското Море. Ги надминавме и сите економски трикови што ни ги подметнуваа и им покажавме на луѓето дека сме со нив – изјави рече Ердоган.
Медиумите викендов пишуваат дека е можен е конфликт во Егејското Море, откако Анкара објави дека ќе го испрати истражувачкиот брод „Орук Реис“ во близина на грчкиот остров Кастелоризо, што е на само три километри од турското копно.
Турција сака да ги испита потенцијалните подводни наоѓалишта на природен гас и нафта во таа област.
Сепак, Грција ја смета оваа морска зона како своја територија на која има ексклузивно право да го истражува и експлоатира морското дно.
Освен ова, неделава се одржаа протести низ цела Грција поради одлуката на Турција да ја претвори „Аја Софија“ во џамија.
Турција неодамна го поништи 86-годишниот статус на поранешнта византиска катедрала „Аја Софија“ како музеј и од петокот објектот беше отворен за муслиманска богослужба.