Регион 30. ноември 2019. / 16:30

Ердоган: Турција нема да ги повлече бродовите од Источниот Медитеран

Ердоган: Турција нема да ги повлече бродовите од Источниот Медитеран

Турција нема да ги повлече своите бродови од Источниот Медитеран, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган додека го бранеше многу спорниот договор за поморски граници, потпишан со меѓународно признатата влада на Либија минатата недела.

„Бродовите ќе продолжат да ги извршуваат своите должности“, беше цитиран Ердоган од страна на локалните медиуми.

– Турција нема да дозволи другите да ги уништат нејзините и интересите на кипарските Турци, рече тој.

Осврнувајќи се на Меморандумот за разбирање потпишан со владата со седиште во Триполи, Ердоган ги отфрли реакциите од Грција и Египет.

– Актуелната ситуација „ќе има различна димензија“ откако договорот ќе биде одобрен во парламентот, рече тој