Регион 07. декември 2020. / 13:12

Ердоган: Турција не потклекнува на заканите во спорот со Грција и Кипар

Ердоган: Турција не потклекнува на заканите во спорот со Грција и Кипар

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, посочи дека Турција нема да се покори на заканите во спорот со Грција и Кипар околу поморските права во источниот дел на Медитеранот.

Тој исто така рече дека Турција сака преговори околу спротивставените тврдења за континенталниот појас и правото на потенцијални енергетски ресурси, објави „Ројтерс“.

-Кога станува збор за прашањето за Источен Медитеран, нашата земја никогаш не се залага за тензии, туку за мир, соработка, правда и спроведување на правдата. Патот до ова е преку преговори засновани на меѓусебно почитување, рече Ердоган.

Сепак, Турција нема да дозволи односот што го покажуваат другите земји да ја ограничи на тесен крајбрежен појас.

-Нема да се поклониме на заканите и уцените … Нема да дозволиме империјалистички експанзионизам, посочи тој.

Лидерите на Европската Унија треба да проценат дали има основа за воведување санкции против Турција.

Тие во четврток ќе одлучат  дали ќе ја исполнат заканата да воведат санкции, откако Турција го испрати својот истражувачки брод во водите на кои полага право Грција.