Регион 11. февруари 2020. / 14:25

Ердоган: Сириската влада ќе „плати висока цена“ за нападот врз турските сили во Идлиб

Ердоган: Сириската влада ќе „плати висока цена“ за нападот врз турските сили во Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави денеска дека сириската влада ќе „плати висока цена“ за напад врз турските сили во Идлиб, во северозападна Сирија.

Ние одговориивме како треба кон сириската страна на највисоко ниво. Особено во Идлиб. Тие го добија она што го заслужуваа. Но, тоа не е доволно, тоа ќе продолжи, истакна Ердоган, рече Ројтерс.

Ердоган најави дека утре ќе објави детален план за тоа како ќе се псотави Анкара во врска со развојот на ситуацијата во Идлиб.

Турските сили во Сирија напаѓале 115 цели, според соопштението на Министерството за одбрана, како одговор на претходните напади врз нивните трупи во Идлиб.

Во соопштението на турското министерство се вели дека 101 члена на сириските владини сили биле „неутрализирани“ и дека биле уништени три тенкови и еден хеликоптер, пренесува Тасс.

Хеликоптерот бил соборен во близина на населениот град Наираб со ракета земја-воздух, јавуваат турските медиуми.

Според извештаите на странските агенции, хеликоптерот припаѓал на сириската влада и во него имало двајца пилоти. Според некои извештаи, еден пилот бил убиен, а судбината на другиот не е позната. Двајцата се катапултирале пред падот.