Регион 24. октомври 2019. / 23:26

Ердоган повторно се закани: Ќе ги отворам вратите кон Европа

Ердоган повторно се закани: Ќе ги отворам вратите кон Европа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно денес им се закани на европските држави дека ќе ги отвори границите и ќе ги пушти сириските бегалци да тргнат кон Европа.

„Кога велам дека ќе ја отворам вратата, тие едноставно збеснуваат. Не се грижете, ќе дојде времето кога ќе ја отвориме таа врата. Ајде, вие грижете се за стотиците илјади емигранти“, кажа Ердоган.

Тој додаде дека во Турција се наоѓаат четири милиони бегалци.

„Ако некој смета дека турската хуманитарна политика е слаба, брзо ќе возвратиме со железна тупаница“, истакна Ердоган.

Пратениците на Европскиот парламент денес остро ја осудија унилатералната турска воена интервенција на североистокот на Сирија и ја повикаа Турција да ги повлече своите сили од сириската територија.

Во резолуцијата која беше усвоена денес, пратениците го повикаа Европскиот совет да воведе низа целени санкции и забрана за издавање визи на турските функционери одговорни за кршење на основните човекови права, како и да разгледа усвојување на целени економски мерки против Анкара.

Пратениците на ЕП предложија и да се суспендираат трговските преференци во договорот за земјоделски производи и како крајно средство да се суспендира царинската унија ЕУ-Турција.