Турската владејачка Партија на правдата и развојот ќе ги оспори резултатите во сите окрузи на Истанбул, објави Хуриет.
И двајцата кандидати за претседател на градот – Екрам Имамоглу од опозициската Републиканска народна партија и Бинали Јилдирим од партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјавија во понеделникот дека Имамоглу победил со околу 25 илјади гласови предност.
Владеачката партија на Ердоган освои значително повеќе провинции од опозицијата и на многу места триумфираше со повеќе гласови за општинските совети (со 45% од сите гласачки ливчиња, при 43% во 2014 година) , но нема контрола врз економските центри, каде се создаваат околу две третини од бруто домашниот производ на земјата.