Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, уште еднаш ги искористи милионите бегалци во земјата како „џокер“ за договор со Европската унија.
Говорејќи заедно со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во четвртокот 7 ноември, тој пред новинарите порача дека ќе дозволи влез на бегалците во Европа, освен ако ЕУ не обезбеди поголема поддршка.
– Без разлика дали ќе добиеме поддршка или не, ние ќе продолжиме да им помагаме на гостите на кои сме им домаќини. Но, ако тоа не успее, тогаш ќе мора да ги отвориме вратите“, рече Ердоган.
Претседателот на Турција и претходно даваше слични изјави, честопати со цел да изврши притисок врз Европската унија со која од 2016 година имаат договор со Анкара да ги спречи бегалците да се упатуваат кон грчките острови.
– Потребни се 13 минути да од турскиот брег до најблиските грчки острови со чамец на надувување, изјави, претходно оваа недела, Михалис Крисохоидоис, грчки министер за заштита на граѓаните.
Последната закана Ердоган ја упатува во ек на инвазијата на Турција врз североисточниот дел од Сирија, што започна на 9-ти октомври, а оттогаш се раселени околу 180 илјади луѓе, со цел создавање на т.н „безбедносна зона“.
Турција сака да ги врати сириските бегалци во таа зона и покрај настојувањара на „Хјуман рајтс воч“ кои велат дека некои се принудени против нивната волја.
ЕУ издвои околу 6 милијарди евра до крајот на 2023 година за проекти за помагање на 3,6 милиони сириски бегалци кои моментално се наоѓаат во Турција.
Иако огромен дел се даваат како директни грантови на турските министерства за образование, здравство и семејство и социјални работи, најголемиот дел се канализира преку големи меѓународни агенции за помош.
Овие средства, велат од Европската комисијата, не може да се искористат надвор од Турција, односно финансиската помош не е наменета за реинтеграција на сириските бегалци од североистокот на Сирија.
– Ние нема да поддржуваме преселување или присилни иселувања на северот од Сирија или депортации без разлика дали е од Турција, Либан или која било друга земја“, велат извори од Комисијата на ЕУ.