Регион 19. декември 2020. / 23:10

Експлозија на боца со кислород во приватна болница во Турција, има загинати

Експлозија на боца со кислород во приватна болница во Турција, има загинати

Во пожарот, кој избувнал кога експлодирала боца со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп, загинаа осум луѓе, објавува агенцијата Анадолија.

Жртвите во несреќата биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти биле префрлени во други болници.

Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за случајот е во тек.