Албанскиот премиер, Еди Рама во својата новогодишна порака рече дека отварањето на границите со Косово е само почеток и дека е во план иста постапка кога е во прашање Црна Гора, Македонија и Грција.
Верувам дека на пролет границата меѓу Аланија и Косово ќе биде по критериумите на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекуваме по истиот принцип и модификување на границите со Македонија, Црна Гора и Грција. Таквата пракса ќе ја продолжиме се до зачленувањето во ЕУ, изјави Еди Рама.