Регион 23. јануари 2020. / 20:51

Еден загинат и четворица повредени мигранти во сообраќајка во Грција

Еден загинат и четворица повредени мигранти во сообраќајка во Грција

Автомобил на криумчар во кој се превезувале 11 нелегални мигранти, излетал од патот во близина на грчкиот град Кавала при што животот го загубило едно, а повредени се четири лица, објавија локалните медиуми.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, возачот на автомобилот, наместо да запре на полициски сигнал, ја зголемил брзината, изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и се превртело.

Починатиот и повредените биле пренесени во болница, а останатите се во одделот на граничната полиција во Неа Кавала.