Регион 03. април 2020. / 09:18

Две нови жртви од корона вирусот во Бугарија: Позитивни на тест и двајца пратеници

Две нови жртви од корона вирусот во Бугарија: Позитивни на тест и двајца пратеници

Маж на возраст од 81 година од Стара Загора починал од корона вирусот. Тој бил примен во болница пред седум дена, соопшти не редовниот утрински брифинг на Националниот оперативен штаб, генерал Венцислав Мутафчијски.

Починал и уште еден маж, кој се лекувал во болницата „Пирогов“.

Вкупниот број заболени во Бугарија се искачи на 477 лица. За последните 24 часа позитивни на тестовите биле 28 лица. Од друга страна, излекувани се 30 лицеа од кои најмладиот бил на 27, а најстариот на 80 години.

Од спроведените тестирања на пратениците, уште двајца биле позитивни-шефот на пратеничката група на ГЕРБ, Даниела Дареткова, и Даниела Малешкова.