Откако пред неколку дена на „Инстаграм“ пораќа дека „Косово не е, но и никогаш не било Србија“, англиската пејачка со потекло од Приштина, Дуа Липа на повеќе платформи објави карта на Голема Албанија.
Ав – тох – тон, придавка
(на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти, твитна 24-годишната музичка ѕвезда за своите повеќе од пет милиони следбеници на „Твитер“ и скоро 50 милиони на „Инстаграм“.
Нејзината провокација, исто како и претходната, наиде на доста коментари и отвори нови препукувања меѓу корисниците.
Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Иако е израсната во Англија, ова не е првпат пејачката да ги изнесува своите погледи за состојбата на Балканот.