Сопственикот на хотел „Љубљана“ во Драч ги повика надлежните служби бидејќи во подрумот на тој објект имал складирано канистери со 6.000 литри бензин, додека други медиуми пренесуваат дека се работи за 250 литри.
Сопственикот не се пожалил на штетата од разорниот земјотрес што ја погоди Албанија, но предупредил дека нов потрес на тлото би можеле да предизвикаат експлозија на канистерите.
Полицијата го обезбеди подрачјето, а пожарникарите се исто така на самото место.
Во истата улица се урна уште еден хотел, а три лица останаа заробени во урнатините.