Хрватска ќе донира еден милион евра на меѓународна донаторска конференција за да и помогне на Албанија да ја обнови својата здравствена и образовна инфраструктура по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата година, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Хрватската Влада на седницата на 13 февруари одлучи да донира еден милион евра за реконструкција на здравствената и образовната инфраструктура во Албанија, истакна Пленковиќ на конференцијата во Брисел.
Во својот говор, Пленковиќ го спомена и самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб на 6 и 7 мај и изрази надеж дека ЕУ претходно ќе донесе одлука да отвори преговори со Албанија и Северна Македонија.
Според албанските медуми, Австрија на Албанија ќе и донира еден милион евра, додека Грција 2,5 милиони евра.