Регион 23. март 2020. / 18:30

Девојчето кое беше тешко повредено во земјотресот во Загреб денеска им подлегна на повредите

Девојчето кое беше тешко повредено во земјотресот во Загреб денеска им подлегна на повредите

15-годишното девојче кое беше тешко повредено при вчерашниот земјотрес во Загреб денеска им подлегна на повредите, објави хрватски Дневник.

И покрај сите напори на лекарите да го спасат, не успеале и попладнево девојчето почина. Два силни потреси, првиот со јачина од 5,3, а вториот 5 степени, го погодија вчера рано наутро Загреб и предизвикаа штети на некои згради.