Виновникот за несреќата кај Ниш Милан Здравковиќ е сослушан од страна на српската полиција. Иако тој тврди дека се погледнал кон прогата, сепак камерите кажуваат спротивно.
-Не сум виновен. На пругата застанав, па погледнав лево и десно. Не можам да објаснам како не го видов возот кој доаѓаше од левата страна – рекол возачот на автобусот.
Возачот се терети дека на 21 декември предизвина судар на прелазот кај пругата кај Ниш. Неговиот исказ е даден откако почина и седмиот патник од автобусот.
Инаку во несреќата се повредени повеќе од 30 луѓе, а некои од нив се и понатаму во тешка здравствена состојба.
Според извори на српските медиуми, на камерите се гледа дека тој воопшто не погледнал дали е сигурно да ја премине пригата.
Инаку Милан во сударот се здобил со тешки телесни повреди, а после операцијата беше исклучен од апаратот за дишење. Откако е утврдено дека е вон животна опасност, му беше определен притвор до 30 дена.
Истрагата за несреќата сеуште е во тек.