Регион

Детали за момчето кое беше пронајдено во локва крв пред зграда

Детали за момчето кое беше пронајдено во локва крв пред зграда

Пред зграда на булеварот 187 во Белград беше пронајдено безживотно тело на момче, а станарите се исплашија бидејќи беше во близина на детски парк каде секојдневно си играат нивните деца и бидејќи такво нешто до сега не се случило.

Се работи за 31-годишниот Марко Елек кој и е познат на полицијата по многу разбојништа и кривични дела.

Телото било најдено пред влез во локва крв, а веднаш биле повикани Итна помош и полиција кои само можеле да констатираат смрт.

Станар за српскиот Курир вели дека чул пукање во три по полноќ. Сепак мислел дека нешто пукнало надвр и не реагирал.

Глетката ги исплаши децата, а обдукцијата ќе даде резултати.