Регион 15. ноември 2019. / 20:15

Детали за инцидентот со авионот во кој летал бугарскиот премиер Борисов

Детали за инцидентот со авионот во кој летал бугарскиот премиер Борисов

Владиниот авион „Фалкон“ на Бугарската влада ќе биде приземјен сè додека не се идентификува причината за несреќата. Ова го објави директорот на воздухопловните сили на Бугарија, Тодор Којејков.

Ова следува откако денеска авионот со кој патуваше премиерот Бојко Борисов беше мануелно приземјен на аеродромот во Софија.

Инцидентот се случи откако неговиот систем за навигација целосно потфрлил во текот на летот од Солун. За време на летот во авионот имало 9 лица и никој не е повреден. Пилотите направиле два круга над аеродромот пред да слетаат визуелно, благодарение на нивното познавање на областа и самиот аеродром.

Службите најавија дека ќе поднесат барање за набавка на нов авион.