Регион 31. јули 2020. / 10:01

Демонстрантите во шатори ја продолжуваат блокадата на центарот на Софија

Демонстрантите во шатори ја продолжуваат блокадата на центарот на Софија

Продолжуваат протестите во Софија на кои демонстрантите бараат оставка на Владата на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер парламентарни избори.

Демонстрантите остануваат цврсти во нивните барања и велат дека нема да се откажат додека тие барања не бидат исполнети.

На главните улици во Софија веќе втор ден се поставени шатори, а градскиот сообраќај е блокиран и се пренасочува.