Регион 03. август 2020. / 12:40

Демонстранти фрлаа јајца и домати врз српскиот Парламент

Демонстранти фрлаа јајца и домати врз српскиот Парламент

Учесниците на протест пред српското собрание додека се одржуваше конститутивната седница на новиот парламентарен состав, фрлаа со јајца и домати врз зградата на Надродното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата.

Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето „Доста беше“ (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од партијата. Сепак, Радуловиќ не беше казнет затоа што демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.

Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.

Во Собранието на Србија се одржува конститутивната седница, а инцидентот се случи кога пратениците излегоа на пауза. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.

Српското опозициско движење „Доста беше“ (ДЈБ) синоќа одржа протест пред Парламентот и најави дека денеска ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.