Регион 29. ноември 2019. / 20:30

Црногорскиот бизнисмен ги демантира наводите дека донирал два милиона евра за Албанија

Црногорскиот бизнисмен ги демантира наводите дека донирал два милиона евра за Албанија

Веста дека првиот човек на клубот „Морнар“ одлучил да донира два милиона евра за да помогне на Албанија, сепак не е вистина.

Се работи за лажна вест и овие наводи се демантирани, пренесуваат медиумите од Црна Гора.

– Ја разбирам маката и ситуацијата што им се случи на грашаните на Албанија и се сочувствувам со нив. Секако дека сакам да помогнам, но наведениот износ кој, од кои знае причини, се појави на друштвените мрежи, не е во моите можности, изјави Павичевиќ.

Претходно, на страницата на Инстаграм на „Баскетбол без граници“ е објавено дека претседателот на црногорскиот кошаркарски клуб Морнар, Ѓорѓије Павичевиќ донирал два милиона евра за помош на жртвите од земјотресот во Албанија.

Инаку Павичевиќ е познат како голем филантроп и хуманист. Минатиот месец тој изгради детско игралиште во градот Бар, Црна Гора.