Регион

Црна Гора ја стресе земјотрес

Црна Гора ја стресе земјотрес

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија во Црна Гора во 18:25 часот регистрираше земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтерова скала, со епицентар на девет километри југозападно од Плужина.

Жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 7 километри.

„Врз основа на нумеричкиот модел на промените на интензитетот со растојание во овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не можел да предизвика материјални птети во епицентралното подрачје“, наведуваат од заводот.