Регион 30. март 2020. / 12:39

Црна Гора бара помош од НАТО за борба против корона вирусот

Црна Гора бара помош од НАТО за борба против корона вирусот

Владата на Црна Гора побара помош од НАТО во вид на санитетски материјал за борба против епидемијата на корона вирусот.

Барањето е испратено до Евроатлантскиот центар на НАТО за координација на одговори за справување со катастрофи (ЕАДРЦЦ) и од сите членки на Алијансата се бара да помогнат доколку се во можност со над 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со П2 и П3 филтри, околу 6,5 милиони ракавици, околу 250.000 очила и визири, над 336.000 хируршки мантили, 150.000 водоотпорни мантили и престилки, како и еден милион хируршки капи за еднократна употреба.

Освен тоа, се бараат и 320 респиратора, 20 бронхоскопа, 40 ларингоскопи, 20 аспиратора, 50 ЕКГ апарати и два дефибрилатора.

НАТО како организација не поседува резерви на респиратори и друга медицинска опрема, но помага на други начини, како што е логистика и транспорт.