Регион 01. април 2019. / 18:13

Ципрас: Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот туку во фиока

Ципрас: Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот туку во фиока

Во пресрет на утрешната посета на Скопје, пво интервју за медиум од Македонија, премиерот на Грција, Алексис Ципрас за МИА ги отвора картите за претстојните разговори со неговиот колега Зоран Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, а говори и за важноста на Договорот од Преспа.

Во интервјуто тој кажува и каде ја чува вратоврската што му ја даде Заев на потпишувањето на Договорот, како и кога ќе ја стави.

–Немам некое табу, но моето јавно појавување, веќе е врежано без вратоврска. Сепак, имам богата колекција од вратоврски што ми ги подарија низа лидери, меѓу кои и Зоран. Вратоврската на Зоран не ми е во плакарот, туку во фиоката од моето биро, за да ме потсетува на историскиот момент, на храбриот чекор напред за пријателство и соработка на нашите народи, што беше потпишувањето на Договорот од Преспа , вели Ципрас.