Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, е во дводневна посета на Турција, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По неговото доаѓање во Анкара, тој на „Твитер“ напиша: „Неопходно е да го продолжиме искрениот дијалог што го почнавме и да ја унапредиме нашата позитивна агенда, од која ќе имаат корист обата народа и поширокиот регион“.
Ќе следуваат и средби на двете делегации по што грчкиот премиер и турскиот претседател ќе одржат заедничка прес-конференција.
Се очекува дека, меѓу другото, двајцата ќе разговараат за територијалните спорови во Егејското Море и истражувањето на гасот во источен Медитеран. Исто така, се очекува тема на разговорите да бидат и мировните напори за решавање на прашањата за Кипар.