Регион 11. јануари 2019. / 15:17

Ципрас: Ако не помине „Северна Македонија”, ќе има „Голема Албанија”

Ципрас: Ако не помине „Северна Македонија”, ќе има „Голема Албанија”

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во интервју за домашните медиуми изјави дека неуспехот на Преспанскиот договор и распаѓањето на Македонија е опасност за формирање на Голема Албанија, пренесува ТВ21.

На Грција не и е од интерес дестабилизација на нејзината северна граница. На Грција не и е од интерес распаѓање на Македонија и можноста за Голема Албанија со нашите граници, рече тој.

– Веднаш откако ќе биде изгласан во Собранието на РМ, Преспанскиот договор ќе го донесеме во нашиот парламент, секако, во јануари – вели Ципрас.

На прашањето за можно одбивање на Договорот , од „Независни Грци” на Панос Каменос, премиерот Ципрас рече дека во тој случај ќе побара поддршка од Парламентот, пренесува ТВ21.

Историскиот договор меѓу Атина и Скопје потпишан во Преспа во јуни, се очекува да биде ратификуван до 15 јануари во Собранието на Македонија.