Истрагата за уривањето на воениот хеликоптер во Истанбул продолжува.
Потврдено е дека четири лица загинаа откако леталото се урна во станбен реон во азискиот дел на Истанбул.
Воениот хеликоптер се урна додека се обидувал принудно да слета врз станбен комплекс во квартот Чекмекој.
.Засега не е позната причината за несреќата, претходно, истанбулскиот градоначалник истакна дека четворица војници биле повредени и веднаш префрлени в болница.