Регион 05. јули 2018. / 14:33

Четворица „дебело“ казнети во Хрватска, меѓу кои и еден Македонец

Четворица „дебело“ казнети во Хрватска, меѓу кои и еден Македонец

Хрватската сообраќајна полиција стопирала три спортски автомобили кои возеле многу побрзо од дозволеното на автопатот Загреб – Липовац.

38- годишен државјанин на Норвешка упаравувал со „Ламбурџини“ со брзина од 247,5 километри на час, 40- годишен Германец кој управувал со „БМВ“ и се движел со 221 километар на час и 40- годишна жена од Романија која управувала „Ламбурџини“ со 246 километри на час, пренесува 24 сата.

Нешто подоцна стопиран е и автомобил од марката „Порше“ со кое управувал Македонец, а се движел со 221 километар на час.

На сите им е изречена казна во висина од 3.000 куни и забрана за управување на возило на територијата на Хрватска.

Возачите се членови на групата OneLife Rally, на седумдневно возење низ шарени пејзажи, а оваа година одат од Венеција до Мамаја во Романија, па тие поминаа низ Хрватска и Србија, каде што платија за брзо возење.