Регион 26. јуни 2019. / 20:13

Центарот поврзан со НАТО ја советува Србија: Земете си ги четирите општини од северно Косово

Центарот поврзан со НАТО ја советува Србија: Земете си ги четирите општини од северно Косово

Србија треба да ги преземе четирите општини во северно Косово, и не е проблем што за тоа мислат Албанците, советува Центарот за евроатлантски студии кој е директно поврзан со НАТО и Јенс Столтенберг.

Идејата на западната воена алијанса јавно ја презентирани Јелена Милиќ, претседател на Центарот за евроатлантски студии кој има за цел промовирање на НАТО и лобира за влез на Србија во Алијансата и во оваа прилика предлага конкретен став и одговор на властите во Белград по уцените од страна на Косово.

– Со одлука на Владата на Србија би се менувал текстот во преамбулата на Уставот: “Четирите општини во северно Косово како дел од Србија”. Ова ќе и помогне на Србија да ја зацврсти својата позиција. Ние ќе направиме проактивен став, ненасилен. Ние не би сакале чекор кој би ја провоцирал безбедноста, туку одлука која ќе создаде можности за повеќе нови опции и нов формат. – вели Јелена Милиќ, претседател на Центарот за евроатлантски студии.

Преземањето на четири српски општини од северот на Косово, според стратегијата на претставникот на НАТО, не значи и автоматско признавање на независноста на остатокот од Косово.

– Со таков гест, Србија ќе покаже дека е подготвена за компромис. – вели Милиќ.

Таа посочува дека овој потег не треба да се толкува како отстапување од Резолуцијата на ООН 1244, или договорот од Брисел, туку како “дефинирање” на реалната ситуација на теренот.

– Ова не е за етничка поделба, туку прифаќање на болна реалност дека Србија не го контролира остатокот на Косово, но го контролира северот, каде што се голем дел од природните ресурси. Мислам дека раководството на земјата до сега покажа исклучителна подготвеност за вакви тешки чекори. Србија нема повеќе време за чекање, има добра позиција со Русија и Кина, позиција важна за бранителите на Резилуцијата на ООН 1244 и продлабочување на соработката со САД. – рече Милиќ, додавајќи дека меѓународната заедница која сака решение на косовското прашање нема да се противи на таквото решение.