Регион 20. јули 2020. / 11:35

Бугарските пратеници расправаат за доверба на Владата: Пред Парламентот протести

Бугарските пратеници расправаат за доверба на Владата: Пред Парламентот протести

Во бугарскиот Парламент почна вонредната седница на која се расправа за доверба на Владата на премиерот Бојко Борисов, предложена од опозициската партија БСП поради неуспешната борба против корупцијата.

Тоа е веќе петти пат пратениците да се изјаснуваат за третата влада на Борисов.

Во меѓувреме, пред зградата на Парламентот се собраа демонстранти кои бараат оставка на Владата, но и на јавниот обвинител Иван Гешев.

Гласањето на пратениците за доверба на Владата треба да се одржи 24 часа по завршување на расправата.